+ All Categories
Home > Documents > Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Date post: 11-Jul-2016
Category:
Upload: ane-blazovski
View: 73 times
Download: 7 times
Share this document with a friend
Description:
obraboten materijal od predmetot komunikaciski teorii 1
39
2010/2011 Предмет : Комуникациски теории Предавање 2 Комуникацијата како општа наука Комуницирањето -базичен социјален процес Комуникологијата -70те години на 20 век Предмет на проучување на коминикологијата -феноменот на комуникацијата 1980 -постдипломски студии од областа на масовните комуникации Социологија на комуникациите 2000 -Томислав Чокревски Франц Верг комуникологијата опфаќа 3 содржини: човекови комуникации, феноменот на сикмболичка интеракција и комуникациските системи Боро Мокров нагласува 4 белези: содржина, структура, функција и форми на комуницирање
Transcript
Page 1: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

2010/2011

Предмет : Комуникациски теории

Предавање 2

Комуникацијата како општа наука

Комуницирањето-базичен социјален процес

Комуникологијата-70те години на 20 век

Предмет на проучување на коминикологијата-феноменот на комуникацијата

1980-постдипломски студии од областа на масовните комуникации

Социологија на комуникациите 2000-Томислав Чокревски

Франц Верг комуникологијата опфаќа 3 содржини: човекови комуникации,

феноменот на сикмболичка интеракција и комуникациските системи

Боро Мокров нагласува 4 белези: содржина, структура, функција и форми на

комуницирање

Реторика-наука за вештината на усното изразување ( ретор грч. Беседник или

учител по говорништво)

Реторика-наука за проучување на говорничкото умеење, за техниката на

беседништвото и средствата за убавиот говор

Предмет на реториката-научната разработка на говорничката вештина

Аристотел-предмет на реториката ”Не се зборовите туку предметите“

Page 2: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Платон-под реторика подразбира ”Способност за теориско изнаоѓање на

убедливото во секој даден случај“ и додада ”Не е крајна цел предметот на

реториката, туку патот по кој го води таа“

Умберто Еко-реториката значи:

Проучување на општите услови за излагањето чија цел е да убдеи

Владеење со механизмите кои овозможуваат создавање убедливи аргументации

Депозит на веќе докажаната аргументирана техника

Умберто Еко-2 типа на реторика:

Нутритивна(убедува на тој начин што до максимум го реструктуира тоа што веќе е

познато)

Консолаторна(се користи со фондот на познати и прифатени работи и објаснува за

да го заинтересира очекувањето на примачот)

Аристотел-актот на комуницирањето е составен од 3 елементи:

говорникот или оратор, зборот, слушателот или соговорникот

говорник- збор-слушател мисла-збор-разбирање

Поимот општење се заменува со синонимите: комуникација, комуникативен акт,

информација, информативен процес, контакт

Говорникот се заменува со: оратор, комуникатор, медијатор, адресант

Зборот се заменува со: код, знак, логос, информација, сигнал, соопштение

Слушателот се заменува со: декодер, декодификатор, реципиент, адресат

Реторот е говорник, беседник, учител по реторика

Ораторот е говорник, беседник

Page 3: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Христијанското говорништво-Исус Христос и евангелието Јован, Матеј, Дука и

Марко

Ренесанса-враќање на реториката-откритија: печатарската преса, подвижните

лиени букви на Јохан Гутенберг, усовршен компасот, откриен Новиот свет и

поморскиот пат за Индија и Далечниот исток

Две спротивни теории за научните методи:

емпириската со Францис Бекон (само преку сетилата може да се стекне знаењето и

тоа знаење мора да се проверува)

рационалистите со Рене Декар (само со разумот моѓе да се одреди што е добро во

модерен свет) Новиот судир во 18век влијаел врз развитокот на истражувањето на

комуницирањето.

Прва катедра за новинарството во Европа-на Универзитетот во Цирих 1903г.

Циклус предавања ”Zeitungswissenshaff “ во Вроцлав и 1916г на Институтот во

Лајпциг

Две основни студии:

” Американската “ школа- поврзана со Јозеф Пулицер кој се спротивставил на

”Школата на искуството“ (2 гранки на истражување: истражување на

новинарството и на комуницирањето)

” Германската “ или ” европска “ школа -поврзана со Бихнер,Естер,Лебл, Хатеман

(истражување на масовното комуницирање од различни аспекти)

Бернард Берелсон-4 периоди на комуникациската наука:

испитување на пропагандата, истражување на малите групи, експериментално

проучување и анкетно испитување

Page 4: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Ласвелова парадигма: КОЈ(комуникаторот) кажува, ШТО(порака,содржина), по кој

КАНАЛ(медиум, канал), КОМУ(реципиент,приемник) и со каков ЕФЕКТ(влијание)

Ричард Бредок ја проширил на 7 аспекти: КОЈ вели, ШТО, КОМУ, под какви

ОКОЛНОСТИ, преку кој МЕДИУМ, за каква ЦЕЛ и со каков ЕФЕКТ

10 Аристотелови категории (субјект, квалитет, квантитет, релација, место, време,

положба, подесување, дејствување и поднесување)

М.Ф.Квинтилијан-правилото 5W (Who, What,Where,When,Why)

Античките реторичари-4 законитости при формирање говорен акт:

(инвенција, диспозиција, елокација, акција)

Современите теоретичари-3етапи:(Вовед, Излагање и проучување и Заклучок)

Џаул Вацлавиќ ” Човек неможе, а да не комуницира “

Јазичната комуникација подразбира: семантички и прагматички аспект

Берелсон и Шајнер-комуницирањето претставува: пренос на информација, идеја,

чувство, сознание со користење: симболи, зборови, броеви, цртежи. Актот или

процесот на пренесување се вика комуницирање

Теорија С-О-Р(нема комуницирање доколку кај примачот на пораката не дошло до

соодветен одговор односно ефект)

Комуникацијата е составена од: комуникатор, порака, код, трансмисија(канал) и

примач. Комуникација=процес

Чери развил низа системи о кои најзначајни се јазикот и говорот

Page 5: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Дефинирање на комуникацијата:

Како процес каде на прво место доаѓа поимот заедништво, дејствување

Се набљудува како наговарање, како средство за постигнување некои намери

Кој било тип на влијание или одговор

Како интеракција во себе ги вклучува системските теории

Лавер и Хачесон комуникациската информација ја поделиле на 3 групи:

Когнитивна информација(информација за реалноста)

Информациска информација(информација за информација или инф за начинот на

комуницирање)

Индексна информација(информација за говорникот)

Основни категории

Вокално-вербално-изговорени зборови како лингвистички единици

Вокално-невербално-говорно нагласување, квалитет на гласот

Невокално-вербално-сите напишани и отпечатени зборови како лин. знаци

Невокално-невербално-положба на телото,лицето,гестовите,мимиките

4 категории комуникации:

Интраперсонална комуникација-кога субјектот ја узвршува сам со себе

Интерперсонална комуникација-меѓу најмалце двајца во физичка блискост со сите

човечки сетила)

Групна комуникација-форма на општење во рамките на една група или помеѓу две

и повеќе

Масовна комуникација-голем врој учесници, се остварува со помош на масовните

медиуми за комуникацијата

Предавање 3

Семиологија и комуникацииСемиоза на комуникацијата

Page 6: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Човечкото комуницирање-размена на симболи кои имаат еднакво значење за

учесниците во комуникацијата.

Корените на симболичката моќ-од генеричката суштина до производниот труд.

Способноста на луѓето за создавање и употреба на знаци, формирање на систем од

знаци и воопшто изведување посложени семиотски операции, произлегува од

социјалниот карактер на човечкиот живот.

Говорната способност на човекот- вродени карактеристики што ги поседува секое

нормално човеково новороденче ( Чомски )

Семантика- наука за значењето на симболичките знаци

Најбитна социолошка теза -симболичката функција е во функција на

општественоста- израз на општествениот карактер на човекот.

Задача на социологијата-да ги објаснува фундаменталните категории како што се:

комуникација, симбол, знак, значење(смисла) на симболите и да ги утврдува:

општите социјални услови во кои симболичката структура е во определена

општествена функција, условите во кои се остварува успешна и ефикасна

комуникација и нужните услови за јазикот.

За природата на симболите:

Германскиот филозоф Ернст Касирер во делото ”Филозофија на симболичките

облици“ и ”Есеј за човекот“, ги истражува симболичките форми во јазикот,

митовите, ритуалите, религијата и феноменологијата на сознанието.

(човекот од својот почеток е творец)

(човекот живее во симболички универзум чии делови се (јазикот, митот, уметноста

и религијата)

Page 7: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Американскиот филозоф Сузана Лангер во делото:”Филозофија во нов клуч“, се

движи околу јазикот, митовите, религијата, музиката и воопшто уметноста.

Симболичката трансформација- во неа е содржан новиот клуч на филозофијата за

разбирање и толкување на светот. Главен фактор на сознанието не се сетилата туку

употребата на симболите од страна на човекот

Симболот е материјален објект (предмет, збор, слика, тон, движење)

Знак е се она што посредува меѓу еден објект и еден ментален процес. Кога еден

предмет се произведување ментален ефект може да замени друг предмет, тогаш

тоа е знак.

Знакот е претставник, репрезентат, менталниот ефект е интерпретант, а

предметот што го заменува знакот е негов објект.

Знакот според Сосир функционира како дуален, бинарен елемент, како психички

елемент со два лика, во кој се распознаваат ознаката и означеното. Сетилната

страна која е присутна за субјектот се нарекува ознака, а другата што е отсутна се

нарекува означено, а односот што го воспоставуваат значење.

Моќ да се создаваат знаци како за отсутни така и за непостоечки, имагинарни,

фантастични, па и лажни предмети.

Знаците ги определуваат предметите, симболите не се застапници на своите

објекти, туку средство за поимање на објектите. Знакот упатува на некоја стварност

што е разлика од него самиот. Стварноста може да биде надворешна (реална или

имагинарна) и внатрешна (мисли, емоции).

Основни функции на јазикот:

Page 8: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

1.функција на изразување или експресивна функција, кога се покажува состојбата

на тој што зборува, изразените знаци се симптоми.

2.функција на повикување, на обраќање кон слушателот апелациона функција во

која знаците имаат улога на сигнали.

3.функција на претставување репрезентативна, експликативна функција во која

знаците се симболи и таа е најсуштинска за јазикот, преку неа се остварува

комуникацијата.

Џорџ Мид за симболичката интеракција-идејата за ”сигнификантниот симбол “.

Семиологија-наука која ги проучува знаците: јазик, код и сигнализација

Јазикот-систем од знаци кои изразуваат идеја

Лингвистиката-дел од оваа наука

Семиологија и семиотика- денес се исти дисциплини

Сосир нагласува друштвена функција на знаците и кодовите(обреди,церемонии)

Пир нагласува логичка функција на знаците

Други типови општење кои припаѓаат на семиологијата:

Општење на животните(зоосемиотика), општење на машини(кибернетика),

општење на растенијата(бионика).

Научни и технички знаци, друштвени знаци и естетски.

Функција на знакот е да соопштува идеја преку порака.

Референцијална функција-однос помеѓу пораката и предметот за кој се однесува

Емотивна функција-однос помеѓу пораката и испраќачот

Конативна или ињуктивна функција-однос помеѓу пораката и примачот

Page 9: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Поетска или естетска функција-однос на пораката со самата себе

Фатичка функција-да потврдува, одржи или прекине општење

Металингвистичка функција-да одреди смисла на знаковите за кои постои опасност

да не бидат сфатени од примачот.

Да разбереш (референцијална, објективна и сазнајна) и осетиш ( емотивна и

субјективна)-различни функции, конкурентни, се помешуваат во некој случај.

Логички знак(конвенционален, произволен, хомологиски, објективен, рационален,

апстрактен, општ, пренослив и селективен).

Изразен знак (природен, мотивиран, аналоген, субјективен, афективен, конкретен,

посебен, иманентен и тотален).

Смисла и информација-три вида кодови зависно од тоа каде се наоѓаат знаковите

во логичкиот однос, уклучени, исклучени или пресечени кои одговараат на

дијактричка, таксиномичка и семантичка функција.

Колку повеќе ствари означува, кодот е се повеќе структуиран и социјализиран

Колку повеќе редуданцата е посилна, комуникацијата е повеќе затворена,

социјализирана и кодирана.

Колку повеќе редуданцата е помала, комуникацијата содржи големо количество на

информации, отворена е, индивидуализирана и декодирана.

Интелектуално интересирање-задоволство што примачот го осетува при тумачење

на пораката.

Афективно интересирање-задоволство кое примачот го осеќа токму поради тоа

што општи со испраќачот.

Афективно единство на учесникот(практично соработување) - соработување,

согласување, кодирање, социјализирање пораки.

Page 10: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Интелектуална пажња- заљубените

(афективното единство и интелектуалната пажња се обратно пропорционални)

Маклуан ги дели медиумите на топли и ладни. Колку една порака содржи повеќе

елементи на информација пораката е потопла и обратно.

Портретот е топол, карикатурата е ладна.

Фотографијата и филмот се топли, а телевизиската слика е ладна.

Индивудалното ги дефинира нашите разлики, а колективното нашите сличности со

другите.(обратно пропорционални)

Научно(интепективно) социјализирано искуство кое одговара на кодирање на игри

и индивидуализирана забава.

Естетско(афективно) искуство одговара на уметност, претстава

Знак и значење

Општење-знакот секогаш искажува намера да се соопшти една смисла

(облаците на метео карта на телевизија или опис-лингвистички или на друг начин

кодиран). Знакот содржи 2 тремина: ознака и означено

Кодирање-конвенцијата е готово апсолутна кај сообраќајните знаци, во хемиските

или алгебарски ознаки. Колку е конвенцијата поширока и прецизна, знакот е се

повеќе кодиран

Мотивација- природен однос помеѓу означувачот и означеното.

Случајна мотивација(аналошка)-односот лежи во животната средина

Аналогија е представа: фотографија, портрет...

Нивната супстанца или форма(хомолошка)

Мотивирани(икони т.е. слики) и произволни знакови( симболи т.е. математички

симболи)

Page 11: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Моносемија и полисемија- последица од употреба на различни знаци

Ефикасно општење-секое означено одговара на еден и само еден означувач, секое

означено изразува еден означувач.

Денотација и Конотација

Материја, супстанца, форма

Форми на знак

Систем, артикулација и хомологија

Пораката и примачот секогаш се присутни, а испраќачот може да отсуствува

(писмо). Кодовите бараат присуство на испраќачот на пораката.

Технички кодови означуваат систем од објективни, стварни, уочливи проверени

односи.

Естетски кодови имагинарна претстава, естетска порака, надреална, невидлива и

без зборови.

Предавање 4

Код и комуникација

Два вида облика, искуство- објективно(интелектуално) и субјективно(афективно)

Три вида парангливистички кодови во зависност од тоа дали станува збор за

просто прекодирање, за автономен код или за паралелен код кој се употребува

паралелно со јазикот

Јазички управувачи-различни азбуки-алфабетско писмо,

Морзеова(повеќеструка:оптичка, акустична,графичка,електична) и Брајова азбука

за глувонеми(тактилна)

Page 12: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Јазички замени

Јазички помошници-говорот е паралелно пратен со знаци: интонација, мимики,

гестови. Имаат големо значење во театар, играње, обреди

Прозодијски кодови користат варијација на висината, квалитетот и квантитетот на

артикулисаните зборови. Важна улога во афективното општење

Кинезички кодови употребува гестови и мимики

Проксемички кодови го користат просторот помеѓу испраќачот и примачот

Практични кодови:

Сигналите-овозможуваат да се регулира сообраќајот

Програмите-објавување одредена работа

Емистемолошки кодови

Епистемолошки систем(означени)

Семиолошки систем(означувачи)

Научни кодови-содржат 2 значења: произволни и фигуративни

Одговараат на 2 функции: класификација и пресметување, 2 типа:

таксиономички(за природни науки флора, фауна) и алгоритмички

Мантика е вештина за пророчување и средство за општење со богови, судбина

Пр. пророчување по ѕвездите(астрологија)

Аритмомантија(пророчување по броеви)

Паромантија(пророчување по стапчиња)

Естетски кодови

Естетски-начин на изразување на својствена уметност

Естетска порака-сама по себе има вредност, она е само предмет, порака-предмет

2 типа естетски знакови и пораки: реторика и поетика

Page 13: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Уметноста е претстава од природата и друштвото: стварна или имагинарна,

видлива или невидлива, објективна или субјективна

Митовите се облици на книжевност

Симболика и тематика- пр. пирамидите во Египет

Друштвени кодови

Логичките и естетските-односите на човекот со природата

Друштвеното општење-односот меѓу луѓето и самиот тој однос од испраќачот и

примачот

Друштвено искуство:

Логичко-прифаќање знаци кои говорат за местото на поединецот и

групата(политичка, економска организација)

Афективно-припаѓаат знаци кои искажуваат емоции и чувства кои поединците ги

осеќаат кон останатите групи

Знаци

Знаци за идентитет- обележја и форми

Грбови, тотеми-означуваат припадност на семејство или клан, а може и да се

однесуваат и на: град, покраина, нација

Униформа- ознака на една група:

Друштвена група(племство, народ)

Институционална( војска, црква, универзитет0

Професионална(месари, кувари, столари)

Културна група(филхармонија, спортско друштво)

Етнички групи

Значки и ордени- се симболички, значките говорат за припадност на најразлични

групи

Тетовирање, шминкање, фризура

Имиња и надимаци

Фирми

Фабрички марки

Учтиви знаци

Page 14: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Тон, глас- да се изрази односот помеѓу ипраќачот и примачот

Поздрави и формули учтиви

Пцовки-негативни облици за поздрав

Кинезика

Проксемика- со просторот и времето освен гестовите

Храна

Се е знак

Природа на друштвените знаци

Кодови

4 типа друштвени кодови

Протоколи-функција им е да воспоставуваат општење помеѓу поединците

Ритуали- во кои групата е испраќач

Игри- приватни или индивидуални, јавни или колективни се предстваи за одредена

друштвена ситуација

Мода-индивидуални облици на код

Протоколи

Протоколики и етиката, поздрави, титули и формули, добри манири и однесување

Обреди- да воспоставуваат заедништво

Мода-својствени групи: да станеш, да јадеш...

Игри- за разонода

Предавање 5

Порака

Информацијата основен елемент на пораката. Информацијата е творба и

содржина на свеста на човекот која настанува во процесот на семиозата.

Информацијата која поминува во процесот на комуницирање се преобразува во

порака. (лат. In formo значи да се стави нешто во форма, апоимот е изведен од

интеракцискиот однос-нешто што се пренесува од рака на рака)

Пораката е составена од:

Page 15: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Ново сознание што произлегува од емпириско искуство

Соопштено во соодветна симболичка форма(јазична или нејазична), да се

разменува помеѓу субјектите на комуникациските чинови и да може тоа сознание

да биде сочувано од пропаѓање низ времето

Тоа сознание е значајно за одредени аспекти од општествената пракса со што

пораката добива целесообразност

Теолошки аспект на пораката

Фатичка порака (аха, да, да..) или климање со глава (теолошка мотивираност) му

кажувате на соговорникот дека го слушате

Информација е поим на знаци кои на примачот му значат нешто, откриваат нешто

ново

Информацијата е поим со многу значења во зависност од контекстот: знаење,

прецепција, манипулација, инструкција, комуникација.

Пораката е материјален облик на информацијата. Основно нешто е пораката да

биде информативна на оној на кој е наменета да му даде нова информација

Човековата ментално-психичка структура е заснована на збир ставови кои

имплицираат одредена вредносни ориентации(позитивни, негативни или

неутрални) спрема нештата што го опкружуваат

Структура на пораката

Информативно јадро- зависи од сложеноста на пораката(едноставен вербален

исказ, една информација, филм, роман, повеќе информации во инф. Јадро)

Редуданца- нешто обилно и преопширно

Вредносни или вредносно-перзуазивни слоеви-перзуазивни слоеви-со цел да

делува на соговорникот да ги промени неговите ставови

5W златно правило при обликување на жанровите во новинарството со чија помош

се обликуваат пораките(убедување, наговарање)

Гносенологија на пораката ( Вистинитост, Објективност, Интенционалност)

Видови пораки: семантички(инф. факти) и естетски(комуникативни факти)

Други критериуми за класификација на пораките:

Сетилна перцепција(аудитилни, визуелни)

Симболски системи(вербални, невербални пораки)

Page 16: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Изоморфизам на значењето(ист облик, еднаков)

Предавање 6

Симболички систем

Јазикот има речник и граматика

Речникот е збирка на високоорганизирани вокализации.

Граматиката опфаќа структурални нивоа, фонолошки и синтаксички правила.

Јазикот е систем на знаци кој има уредена и дадена структура.

Јазикот е систем на знаци кој како своја основа го има принципот на

симболизација.

Јазикот е средство за пренесување на некои идеи, говорот е средство за гласовна

реализација на јазикот.

Процесот на творечкото мислење се остварува во 4 фази:

подготовка(препарација), созревање(инкубација), вдахновение(илуминација) и

проверување(верификација)

Основни елементи на говорењето: гласот, гестот, мимиката, комуникативниот

канал, реалното време и слушните елементи

Говорењето е примарно, а пишувањето секундарно.

Поделба на јазичките нивоа: фонолошко јазично ниво, морфолошко, лексичко,

синтаксичко-семантичко, текстуално, жанровско или стилистичко, контекстуално

или прагматичко јазично ниво.

Ортологија или култура на говорот:

правилен и убав јазик, говор;

успешно објаснување и разјаснување некои тела;

функционалност, сообразност меѓу соговорникот и говорникот;

Роман Јакобсон:

Референцијална фукнција- однос помеѓу пораката и референтот т.е. предметот,

темата на соопштување. Задача на јазикот да обезбеди точна, објективна инф. за

референтот.

Page 17: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Емотивна- има задача да обезбеди субјективна информација, станува збор за

ставот, доживувањето

Конативна- односот помеѓу пораката и примачот, оваа функција уште се нарекува

директивна, ињуктивна, манипулативна

Фатичка- односот меѓу пораката и каналот

Метајазична (металингвистика, метакомуникативна)- односот помеѓу пораката и

кодот, во случајов јазикот

Поетска(естетска, стилистичка)- одност на пораката спрема самата себе

Комуникацијата почнува од изворот на пораката за да се постигне целта на

пораката

Испраќач на пораката(енкодер,говорник,писател,адресант,актер,фонатор)

Примач на пораката(декодер, слушател,читател,адресат,реактор,аудитор,

интепретатор,толкувач)

Код-претставува организиран уреден збир на знаци за договарање и правила за

нивен избор, комбинирање и употреба. Кодовите може да се систематизираат:

Акустички- сетило за слух

Оптички(визуелни)- сетило за вид

Тактилен- сетило за допир

Хемиски- сетило за вкус и мирис

Порака- содржина, информација, соопштение, известување, вест. За успешно

договарање меѓу комуникаторите потребен е минимум помеѓу испраќачот и

примачот на пораката да постои ист код за успешно примање на пораката.

Емитор(испраќач,посредник,секундарен испраќач) и

Рецептор(приемник,посредник,секундарен примач)

Канал(медиум,преносник на пораката)

Контекс-надворешна и внатрешна матрица во која се сместува комуникацијата

Два вида: јазичен и нејазичен контекс

Вербалната комуникација ја заменила иконичната

Од 500 000 до 50 000 год пред н.е.-прва информациско-комуникациска револуција

Време на неолит-втора информациско-комуникациска револуција

Page 18: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Рабуш- стап со засеци погоден за броење и бележење денови

Квипу- јазли на меморијата, низа ленти со различна должина, дебелина и боја на

кои се врзуваат јазли на посебен начин-Древните Перунци

Пиктограм- цртежи изложени во низа така што се обликува приказна или идеја, на

ѕидовите на пештерите, камењата, роговите и коските на животните, потекнуваат

од епохата на палеолитот

Идеографија-соопштување апстрактни идеи

Клинесто писмо-од Сумерците пред 5000 години-комбинација на букви и поими

изработени на глинени плочки и на ѕидовите на пештерите, го дешифрирал

Гротефенд

Египетските писма-2900 год пред н.е. до 500г пред н.е.

Најстаро мисирско(египетско) писмо се хиероглифите (епиктограми создадени од

цртежи на луѓе, животни, растенија)

Хетитски писма(1500 до 600 год пред н.е.)- ги дешифрирал Б.Хрозни и ги објавил

во 1915год.

2650год пред н.е. кинезите го совладале своето писмо наречено ку-вен со 600

знаци.

105год кинезите го пронашле начинот на изработување на хартија.

Феникијанците го создале феникијското писмо ( во почетокот било слоговно, а

неколку векови подоцна се претворило во азбучно со 22 словни знаци. Тие го

создале и алфабетскиот систем т.е. словен знак со фонетска вредност

(старосемитско писмо)

Првобитната азбука е измислена во Стара Палестина или во Сирија. Од неа

потекнуваат северносемитската азбука-писмо од 22 букви кои се извор на сите

модерни азбуки.

Рачно пишување на машина – дактилографија

Уметничко пишување – калиграфија

Организација на графички средства во печатен текст – типографија

Тајни писма – криптографија

Брзо пишување – стенографија

2 фундаментални обележја на писмото се трајност и преносливост.

Page 19: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Цел на писмото: комуницирање на временска и просторна далечина

Пишување на камен, дрво, глина – епиграфија

Антички и средновековни ракописи – палеографија

Правни и административни документи – дипломатика

Писменоста кај Словените- 863г. Кирил и Методиј глаголицата оригинално

писмо.Кирилицата-автор се спомнува Константин Праславски. Првата кирилична

азбука имала 43 словни знаци.Прва реформа на кирилицата крајот на 17ти век во

Русија. 1944 со одлука на АСНОМ усвоена кирилицата со 31 знак за секој глас

посебно.

Предавање 7

Невербална комуникација

Јазикот на телото има 3 примени:

Како свесна замена за говорот (кога намигнуваме)

Како поткрепа на говорот (движење на рацете при зборување)

Како огледало на вистинското расположение (среќна насмевка)

Прва книга за јазикот на телото пред 400 г.-Хирологија или природните јазици на

шепата 1644 Џон Балвер.

Комуникативни средини (осветлување, боја)

Поимот време (брзина, точност)

Физички изглед на комуникаторот

Мирисот на комуникаторот

Просторот на комуникаторот

Територијата, гестовите, допирот, изразот на лицето, очите.

Просечниот човек зборува 10 до 11 минути дневно, а стандардно изговорената

реченица трае 2,5 секунди.

Page 20: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Најочигледна функција на невербалната комуникација е тоа што моѓе да го

замени говорот.

Невербалното поведение се користи како дополнување на кажаниот збор, тоа

некогаш моѓе да биде во контрадикција со вербална порака. Потењето,

треперењето се спонтани и надвор од контрола на поединецот.

Придржувајќи го говорот служи графички да го нагласи тоа што било кажано.

Невербалното поведение може да помогне да се нагласат делови од вербалните

пораки.

Помага да се регулира текот на комуницирањето меѓу говорникот и слушаелот

Невербалното поведение може да ја одржува комуникацијата обезбедувајќи

важен извор на фидбек на соговорникот.

Има значително влијание врз другите луѓе( посилен глас, стоење на издигнат

подиум).

Може да помогне да се дефинирааат прифатливите модели на однесување на

различни општествени опкружувања (кодекс на однесување).

Димензии на невербално комуницирање:

Длабочина на н.к.

Субјективноста и објективноста на невербалното однесување

Континуитетот и дисконтинутетот на комуницирањето во времето, во просторот

Читливоста и пристапноста

Автентичноста и неавтентичноста

Степенот на партиципација на личноста во изразот

Оригиналноста, еднаквоста, креативноста на невербалното однесување

Опсегот на изразното однесување

Флуентност

Силата, интензитетот на изразното однесување

Временска димензија

Аспекти на невербалното комуницирање:

Вокална експресија (прозевање, кашлање) претставуваат моќни пораки

Фацијална експресија (израз на лицето), макроизраз траен израз (брчките),

микроизраз (брзи изрази).

Page 21: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Три ситуации: кога погледот го насочуваме краткотрајно (ми фрли поглед)

кога погледот се фиксира повеќе трае (загледување)

взаемно гледање (вљубување)

Гестовна еспресија ( движење на рацете во комуникацијата)

Постуларна еспресија (положба на телото: стоење,седење,лежење)

Проксемичка еспресија (улогата на просторот во поведението на човекот)

Три аспекти:

Територијалност (просторно поведение), личниот простор го опкружува телото

Блискост (растојание што се одржува)

Растојанието може да се подели на 4 зони:

Интимна зона: интимен меѓусебен однос 50см

Лична зона: што се меѓусебно блиски 50 до 120см

Општествено-консулативна зона: професионална интеракција со клиенти од 270 до

360 см

Јавна зона: говорниците на растојание од 360 см и повеќе да се раздвојат од

публиката

Ориентација (положба на цело тело)

Спацијално однесување (брзина,ориентација, територијално однесување,

движење во физичка околина)

Ритам (брзината и ритамот на однесување на луѓето)

Облеката како комуникација (статусот, припадноста на група)

Движење во просторот (во надворешно и внатрепно движење ја раскажува својата

судбината)

Чкрткање, цртање и сликање (секретарката)

Предавање 8

Основи на теоријата на информациите

Математичката теорија се занимава со проблемите на пренесување на пораката о

комуникацискиот процес.

Page 22: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Теоријата на информациите е научна дисциплина која се занимава со изучување

на механизмите на пренесување на пораката во универзален вид. Таа посветува

посебно внимание на квантитативното мерење на информацијата и на сите појави

кои го загрозуваат трансферот на пораката.

Основен поим со кој се занимава теоријата на информациите е информацијата.

Информацијата не е ниту материја, ниту енергија ( Норберт Винер).

Наједноставно е да се каже дека информацијата е соопштение.

За теоријата на информацијата основниот образец на пренос на пораката,

соопштението се состои од три елементи: извор на информацијата, канал преку

кого се пренесува и приемник на информацијата

Под извор на информацијата се подразбира секој збир на пораки (човечки говор,

пишуван текст, композиција, слика). Пораката преку соодветен канал се пренесува

со одредиштето-примачот.

Најпрост образец на пренос на информации Шенов-Виверов модел на

комуницирање.

Информацијата е изложена на пречки на одредени бариери-шумови кои

настојуваат да ја искриват смислата на пораката.

Ако од еден извор на информација постојано добиваме иста порака, тогаш

количината на информацијата е еднаква на нула.

Редуданца-неинформативна компонента на пораката и има функција да го

обезбеди контекстот на елементите на сознанието без кој неможе да се соопшти

тоа што е ново во пораката.

Кодирањето во теоријата на информации означува претворање на сигналот во

збир на знаци што се користат заради комуницирањето.

Декодирањето е спротивно со што кодираната порака се сведува на својот

првобитен облик.

Кодирањето се врши во предавателот на пораката, а декодирањето е функција на

приемникот.

Повратна врска фидбек-означен како заемно струење на информацијата меѓу

динамичките системи и нивната околина. Постојат негативна и позитивна повратна

врска.

Page 23: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Ентропијата ги означува сите оние тенденции во комуницирањето кои ги

намалуваат информативните вредности на пораката, шумот, пречките, бучавата се

основен вид на ентропијата.

Основач на кибернетиката Норберт Винерм- информацијата претставува содржина

на тоа што го разменуваме со надворешниот свет додека му се приспособуваме и

додека влијаеме на него со своето приспособување.

Богдан Шешиќ- информацијата значи предавање, пренесување и примање

податоци на разни јазици по пат на разни технички средства. Информацијата ја

дефинира како процес на формирање, издавање, пренесување и примање на

пораката преку одреден систем на знаци или сигнали од извесен испраќач до

извесен примач од кој барем едниот мора да располага со свест и знаење.

Дефиниции за поимот информација

Известување, соопштение но не секое соопштение

Секогаш е акција, активен процес

Елемент на сознанието на ново во однос на некој предмет или појава

Информацијата е супстрат на управувањето

Таа е трансмисија

Предавање 9

Комуницирање и општество

Основен елемент на општественоста: поведението на луѓето, општествените

групи, општествениот систем, меѓучовечките односи.

Со појавата на јазикот започнува развојот на човековиот интелект и култура чија

средишна, темелна и примарна содржина е симболичката функција.

Современата социологија- еволуцијата на човекот и човештвото ја сочинуваат две

компоненти биолошката или органската и културната или анорганската.

Биолошката еволуција овозможува генетските способности цоздавани во долг

период да ги наследуваат единките на човечкиот труд, културната еволуција

овозможува културните вредности да се стекнуваат и пренесуваат во општеството.

Page 24: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Трудот во социлогојата се смета за една од фундаменаталните категории со чија

помош се објаснува суштината на општеството и човекот и се разбира суштината на

комуникациите.

Маркс- единство на природата, човекот и општеството. Општеството како посебна

димензија на стварноста се појавува како производ на човековиот активен однос

спрема природата.

Општеството е целокупност на односите на луѓето спрема природата и на

меѓусебните односи на самите луѓе.

Човекот е во комуникација со природниот свет, медиумот преку кој се

комуницира е општеството.

Вкупноста на сите видови комуницирање на луѓето во определено време, простор

и определено општество ја сочинуваат општествената комуникациска мрежа.

Најчести типови општества поврзани со доминантниот вид на комуникација:

Усно( во предисторијата говорниот јазик е основно средство за комуницирање)-

лице во лице.

Писмено (со развитокот на писмото, Римското општество пример).

Електронско (современето општество каде телевизијата, радиото, комјутерите и др

електонски системи се основа за општествените комуникации).

Видови на општествени појави: општествени процеси и општествени творби.

Општествени процеси- поврзано делување на луѓето

Процесите се делат на:

Волеви и стихиски, според причината на настанување

Материјални и духовни, според разликата во содржината

Процеси на соработка и на борба или судир, според меѓусебните односи на луѓето

Процеси на создавање или рушење, според тоа дали се создава нешто ново или се

руши постоечкото

Општествените творби- искристализирани резултати на општествените процеси.

Втора класификација на општествените појави: општествени дејности,

општествени односи и општествени групи.

Општественото дејствување е основа за комуникациската интеракција во која

единките учествуваат во разните сфери на општествениот живот. Општествените

Page 25: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

односи се општествените комуникации, а општествените групи пред се

примарните, овозможуваат преку јазикот и симболите што во нив се создаваат

кооперирање на единките во пошироките општествени процеси.

Според марксистичкта социологија општеството содржи три дела:

Материјална основа ( производство на средства од материјална природа)

Правно политичка (сите односи, групи преку кои се решава прашањето на

управувањето и организирањето на општеството.

Идеолошката надградба (разните видови општествена свест).

Предавање 10

Теоретско одредување на коминикациите

Во новинарството дијалогот се користи во белетризираните видови

( репортажа, белешка, цртица)

Роман Јакобсон- секој говор по функција е:

Референцијален, кога соопштува или известува нешто; емотивен, кога искажува

личен набој спрема некој настан; волутативен, кога потекнува од волјата или

управува со неа; контактен, кога воспоставува и одржува контакт; и метајазичен,

кога го проверува заедничкиот код.

Во однос на мислите што ги има ликот, дијалогот може да ги открие со текст, да ги

прикрие со поттекст или дијалогот да е преттекст за нивносто воопштување.

Филмскиот дијалог може да биде:

Интегрален, целосен исказ на дејството; контрапуктален, спротивен на дејството;

елиптичен, нецелосен во исказот; преклопувачки, кога се преклопува; заднински,

кога е во втор план; и нем, кога не се слуша.

Во македонскиот јазик овој поим е превземен од старогрчкиот збор диалогос што

означува разговор помеѓу двајца или повеќе луѓе.

Благодарение на Платон и неговите дијалози зачувана е дијалектичката метода –

мајеутика.

Од комуниколошки аспект станува збор за интраперсонална комуникација-

општење со самиот себе.

Page 26: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Предавање 11

Посредници во комуницирањето

Извор на пораката(комуникатор, емитент)- мозокот на комуникаторот.

Пораката(збор, буква...)-чија смисла може да се протолкува и од неа да се извлече

заклучок.

Три главни фактори на пораката:

Код на пораката- начинот на структурирање на симболите.

Содржина на пораката- израз на материјалот за да се изрази намерата.

Обработка на пораката или третман- начин на кој пораката е претставена.

Симболите може да бидат:

Вербални (изговарање зборови), графички ( напишан збор) и репрезентативни

(знамето, ознаките).

Оредиште(приемник,реципиент,коминикант)

Енкодирање- процес на обликување информативни содржини во пораката.

Трансмитирање- процес на пренесување на пораката од еден кон друг субјект со

посредство на одреден канал или медиум.

Рецепција- процес на прием на пораката или поточно процес на декодирање.

Ефекти на пораката- испраќачот мора пораката да ја сведе во облик разбирлив за

соговорникот, последици што ги остварува пораката.

Димезии на комуникацискиот канал:

Сигурност на каналот-проценета вредност од аспект на примачот на пораката.

Повратно влијание на каналот- кога примачот може веднаш да одговори и притоа

максимално да влијае на изворот на пораката во текот на комуникациската

трансакција. Во англосаксонската терминологија тоа се вика фидбек.

Степен на вклучување што го бара и овозможува каналот- перцептивен напор на

сите сетила за да се разбере информацијата што ја пренесува еден канал.

Достапност на каналот-обемот на можноста и зачестеноста на користење на некој

канал за одредена публика.

Ефемерност на каналот- способност на каналот да ја сочува пораката

Page 27: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Моќ за масовно дејствување на каналот- својство на каналот да го покрие

географското подрачје и тоа едновремено, брзо и квалитетно.

Комплементарност на каналот- способност да го дополни комуникациското

дејствување кон друг канал.

Видови комуникациски канали: формални и неформални

Неформални канали:

Спонтано формални канали- размена на пораки во неструктурирана мрежа

составена од лица кои во случај да не се свесни за идентитетот на другите.

Помошни канали- размена на пораки во структурираните мрежи кои настануваат

врз основа на лични контакти со пријатели.

Централни комуникатори се лица кои без оглед на причините имаат надпросечна

стапка на размена на пораки во неформалните комуникациски мрежи.

Интерперсоналната комуникација може да биде:

Формална и неформална, јвна и приватна, дистанцирана и интимна, ритуална и

отворена, функционална и експресивна.

Три типа групно комуницирање:

Семејни групи, неформални пријателски групи и формалните организирани групи.

Предавање 12

Комуницирање и облици на комуникациската практика

Семантички пречки: употреба на тешки зборови, разлики во значењето на

зборовите што ги употребува испраќачот, различно од тоа што е намерата,

различност на значење на зборот, склопот на реченицата-синтаксата, постоење

културни разлики помеѓу испраќачот и примачот на пораката

Комуникациска мрежа: систем на мрежи на информации меѓу припадници на

одредени групи- 2 типа:

Формални( пропишано или регулирана комуникациска ситуација)

Неформални(кога луѓето слободно стапуваат во интеракција)

Аристотел и Цицерон-комуницирањето го сфаќале како процес на информирање и

процес на убедување

Page 28: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Три типови на пораки:

Порака со која се изразува внатрешната состојба,уверување,пријатност, не се

очекува одговор.

Порака со општење во кое говорникот е посредник кој на примачот на пораката му

ја пренесува привлечноста или воочените настани кои тој самиот неможе да ги

забележи.

Пораката се однесува на општењето во кое се очекува идното однесување на

примачот.

Пишуваните пораки се поприкладни за поголема група луѓе-примачи(нема

можност за повратно дејство).

Говорните за помал круг рецепиенти(можност за повратно дејство).

Психолингвистиката се занимава со прашања за испраќачот и примачот на

пораката, нивните заеднички кодови и сличните карактеристики на

информирањето и дефинирањето со што се остварува комуницирањето.

Комуницирањето е изложено на 2 опасности: можност за погрешно толкување на

говорните пораки од страна на слушателите и лошата интерпретација на

податоците од страна на создавачите на пораката

Вербални начини на комуницирање:

фацијални(изразот и погледот)

постуларни(гестовите)

суперсегментни(интонациски облици)

План за порака: Вовед(основната содржина), главна идеја, тело на пораката и

заклучок.

Проблемот со читливоста-неколку правила:

Зборови кои најчесто се употребуваат, полисемички карактер на обични зборови,

афективен карактер на зборови и редудантни зборови.

Комуникација заснована на сигнали (сигнална комуникација) се оставрува со

помош на движење и положбата на телото (кинезичка комуникација) или

комуникација што е заснована на просторните односи меѓу учесниците на

комуникацијата (просемичка комуникација).

Page 29: Komunikaciski Teorii (Obraboten Materijal)

Комуникација заснована на симболи (симболичка комуникација) заснована на

знаци.

Втора поделба на комуникацијата: вербална(симболичка) јазикот најзначаен

комуникациски систем и невербална(сигнална)

Трета поделба според тоа дали се служи со гласови, односно со посебни знаци за

гласови или не: гласовна и негласовна

Друга поделба според тоа дали се остварува со користење на некои технички

средства: посредна и непосредна


Recommended